Што е социјална иновација?
Социјалните иновации се користат за опишување на многу широк опсег на активности. Ова вклучува: развој на нови производи, услуги и програми; социјалното претприемништво и дејноста на социјалните претпријатија; реконфигурација на општествените односи и структурите на моќ; иновации на работното место; нови модели на локален економски развој; општествена трансформација и промена на системот; непрофитно управување; и одржлив развој предводен од претпријатија.

Зошто е важна социјалната иновација?
Долгогодишните прашања како што се невработеноста, детската сиромаштија и растечките нееднаквости остануваат предизвици за владите и заедниците низ
Европа.
