Опис на активност:
Лекција: Поим и потреба за еко дизајн
Активност:
Препознавање на еколошки и нееоколошки практики на продукти
Во:
Училница
Онлајн платформа
Времетраење:
40 минути
Може да се користи врз основа на наставната програма, како и воннаставна активност
Цел:
- Запознавање со терминот и потребата за еко дизајн
- Препознавање на основни принципи и фази на еко дизајн (на пример, ресурси – производство-
дизајн-потрошувач) - Развивање на дискусија за ефектот на одредени продукти врз животната средина
Вид на активност:
Power point презентација
Гледање видео
Групна работа – препознавање на еколошки и нееоколошки практики на продукти
Број на учесници во група: Индивидуална или групна работа, во групи со по 5 учесници
Препорачана возраст: 15 години
Детали за активност:
Инструкции:
За едукаторот:
Воведен дел:
- Започнете со вовед во темата, со акцент на потребата за еко дизајн, како и препознавање на
основните принципи и фази за еко дизајн, преку споделување на PPT презентација. Потоа развијте
дискусија со цел да ги запознаете учесниците со еко-дизајнираниот продукт. - Потоа, за подобро да се долови значењето на теоретското учење, едукаторот споделува видео.
Опис на активност: - Едукаторот покажува картички со продукти, и потоа ги дели учесниците во групи. За секој од овие
продукти, учесниците треба да размислуваат, и потоа да ги вметнат во табела со следните точки:
позитивно и негативно влијание на животната средина, како и можности за подобрување. - По завршување на задачата, едукаторот ја покажува опачината на картичките и ги чита фактите.
За корисниците/заинтересираните учесници: - Прочитајте ја презентацијата и дополнително добијте информации за корисните линкови, подолу.
- Погледнете го видеото дадено како дел од презентацијата.
- Истражувајте низ предложените продукти, размислете за нивното влијание на животната средина
и вметнете ги во табелата.
Клучни зборови:
Еко дизајн
Термин за еко дизајн
Принципи на еко дизајн
Еко дизајн чекори
Како да се направи еко-дизајниран продукт
Еко продукт/Еко продукти
Материјали, опрема:
Компјутер
Проектор
А3 формат хартија (хартијата и нејзината количина е во зависност од бројот на тимови кои ги
дефиниравте)
Пенкала, моливи
Референци
https://www.youtube.com/watch?v=_Zt9UxsEnPc&feature=emb_logo
Др. Анита Грозданов (2019) прирачник за имплементирање на тренингот за Аналитичар за одржлив
развој
Други корисни извори:
https://youmatter.world/en/definition/definition-eco-design-examples-definition/
https://www.mamaisonrevol.com/what-does-eco-design-mean/
https://www.sciencedirect.com/topics/engineering/ecodesign
https://www.smartservicedesign.com/methods/product-character/
https://www.tgdesign.co.nz/article/5-basic-types-of-promotion
Анекси:
- Презентација
- Видео https://www.youtube.com/watch?v=_Zt9UxsEnPc&feature=emb_logo
- Картички со продукти
- Табела за внес на основни карактеристики на продуктите