Објаснување за модулот:

1.učna enota: Opredelitev pojma ekološkega oblikovanja in utemeljitev potreb po ekološkem oblikovanju Aktivnost: Prepoznavanje dobrih in slabih izdelkov oziroma

Преку модулот „Еко дизајн“ се доближуваат основните видови познавања за: термин и
принципи на еко дизајн, анализа на животниот циклус на материјалите и нивното влијание врз
животната средина, како и препознавање на основните еко својства на материјалите во
производството.

Модулот нуди:

  • Статија;
  • Вовед
  • Наставнички план кој содржи опис на потцелите и начините за реализација на препорачаните активности и вежби; Материјали за учење, медиуми и алатки;
  • Powerpoint презентации преку кои се поедноставува начинот на предавање на едукаторите и се илустрира со фотографии, графикони и слично.
  • Видеа – преку кои на интерактивен начин се прикажуваат значајните информации за дадената тема
  • Активности и вежби наменети за училишна средина, тренинг простории, како и користење на онлајн платформа. Тие се развиени со цел препознавање на еколошки дизајнирани производи, како и да се поттикне едноставно и независно развивање на концепти за реализација;
  • Вежби во форма на квизови за проверка на стекнатото знаење;
  • Предлог ресурси за понатамошно истражување.

Цели на модулот:

Целта на модулот е да ги едуцира младите во однос на следните теми:

✔ Познавање на терминот и потребата за еко дизајн;
✔ Анализа за животниот циклус на материјалите и нивното влијание врз животната средина –
клучни карактеристики и чекори;
✔ Учење за основните алатки за анализа на животниот циклус на материјалите;
✔ Еко-својства на материјалите во производството;
✔ Користење на еко-податоци
✔ Препознавање на основните принципи и фази на еко дизајнот (на пример, рамка на ресурси – производство-дизајн-потрошувач)

Истовремено, преку имплементација на активностите во рамките на модулот се овозможува:

❖ Развивање дискусија за влијанието на одредени производи врз животната средина;
❖ Поттикнување за истражувачки вештини и препознавање на клучните компетенции и карактеристики на еко-дизајнирани производи;
❖ Поттикнување на претприемничкиот дух во смисла на создавање на еко дизајнирани производи;
❖ Развивање дискусиja и истовремено поттикнување на вештини за создавање концепти за еко дизајнирани производи

Генерални инструкции:

Професорите/едукаторите можат да изберат кои ресурси би сакале да ги споделат со целните групи. Презентациите и видеата можат да послужат како почетен вовед во темата.

 Затоа модулот е поделен на три дела:

  • Воведен дел (презентација и видео)
  • Детали за активност – Доколку „Воведниот дел“ е реализиран претходно, продолжете
    со следниот чекор од документот „опис на активноста“;
  • Вежба
    ✔ Активностите може да се прават тимски, но и нема да бидат пречка да се реализираат
    индивидуално.
    ✔ Можат да се реализираат и онлајн и во физички услови.
    ✔ Вежбите се во форма на квизови и се со цел да се утврдат стекнатите знаења.
    ✔ Дадената временска рамка е индикативна и зависи од начинот на работа на
    воспитувачот, структурата на целната група (претходно знаење, возраст, број на
    учесници), целта што сака да ја постигне и слично.

Пожелно е eдукаторот да има искуство со работа со млади луѓе, како и знаења и вештини поврзани со теми како што се: претприемништво, климатски промени, еко дизајн и сл.

Детали за модулот:

Лекција 1: Поим и потреба од еко дизајн

Воведот им дава поглед и знаење на учениците/учесниците за: основните термини на еко дизајнот, главните принципи и фази на еко дизајнот преку PowerPoint презентација, видео и работа во групи за да се препознаат еколошки и нееоколошки практики на продуктите.

Лекција 2: Анализа на животниот век на материјалите и нивното влијание врз животната средина

Лекцијата 2 дава преглед за анализа на животниот циклус на материјалите и нивното влијание врз животната средина, кои се клучните карактеристики, фази, чекори на алатки и примери. Целта на спроведувањето на активноста во рамките на модулот е да се поттикнат вештините за истражување и да се препознаат клучните компетенции и карактеристики на еко-дизајнираните производи.

Лекција 3: Еко податоци

Целта на лекцијата 3 е да ги запознае учениците/учесниците со знаењата за: еко атрибути,
општи принципи на еко дизајн и еко ревизија.
Учениците во рамки на активностите прават концепт за производ/услуга со добро влијание врз
животната средина и што се однесува до подготовката за концептот, тие следат листа за
проверка.
Сите дилеми се вметнуваат во полето за белешки и се дискутираат со тимот и/или едукаторот.

Активности поврзани со модулот

Активност 1 поврзана со лекција 1:
Препознавање на еколошки и нееоколошки практики на продукти

Активност 2 поврзана со лекција 2:
Exploration- circle analysis/ Filling out the matrix
Активност 3 поврзана со лекција 3:
Check list for making a concept of eco designed product

Вежби поврзани со модулот

Вежба 1 поврзана со лекција 1: Kвиз
Вежба 2 поврзана со лекција 2: Kвиз
Вежба 3 поврзана со лекција 3: Kвиз

Таргет групи

 Млади од 15-29 години
 Младински работници и волонтери кои работат со млади и на кои им се потребни
дидактички материјали за темата
 Професори/ едукатори
 Модулите можат да ги реализираат сите споменати целни групи и возрасти без
ограничувања, со предлагање на најсоодветната возрасна категорија за

одделните активности. На пример:

  • Активност 1 поврзана со лекција 1:
    Препознавање на еколошки и нееоколошки практики на продукти
    / Препорачана возраст: 15
  • Активност 2 поврзана со час 2: Истражување – циркуларна анализа/ препорачана возраст/
    Препорачана возраст: 15-24
  • Активност 3 поврзана со лекција 3: Чек листа за правење на концепт за еко дизајниран
    продукт/ Препорачана возраст: 15-29 години

Совети и трикови:

✔ Ве охрабруваме за користење на што повеќе дигитални алатки за реализација на
активностите како што се jam board, Miro board, google forms, видеа и сл.
На пример, за користење на jam board, дел од фотографиите се дадени во jpg , за да се вметнат
во рамките.
https://www.youtube.com/watch?v=S9m4HCjOkcA
✔ Ефективните професори треба да се прилагодуваат во средина што постојано се развива и да
ги приспособат своите наставни методи врз основа на возраста на нивните ученици,
расположливите ресурси и променливите практики и барања.
✔ Однос кон секој ученик/студент како индивидуа, со тоа што ќе бидеме сочувствителни и со
разбирање за она што може да се случува во нивниот живот.
✔ Фокус на соработка, комуникација, креативно и критичко размислување. Овие вештини
треба да бидат составен дел од наставата и учењето за да се обезбеди високо ефективна
настава и да се направи учењето преалавантно за во 21 век.
✔ Охрабрете ги учениците/учесниците активно да учествуваат и да се вклучат во активностите
кои бараат донесување на одлуки.
✔ Запомнете дека не можете да им помогнете на учениците освен ако прво не изградите
доверлив, пријателски однос.
✔ Во рамките на имплементационите активности користете повеќе методологија на

дизајнирано размислување.
✔ Споделете ги стекнатито учење/ методи до вашите колеги.

Референци:

Референци и видеа се достапни во описот на активностите.

...
...
...
...
...
...